среда, 18 јануари 2017 | Вести денес: 103 ново

Претерано користење на мобилниот телефон е штетно за вашето здравје, еве зошто…

Сите знаеме дека гледањето прeмногу во мобилниот телефон штети, но најновата студија покажала дека смартфоните се многу повеќе штетни отколку што сме мислеле, особено кога се во прашање нашите очи.

Истражувањето објавено во списанието „BMC Opthalmology“  открива дека децата кои поминуваат повеќе време користејќи ги телефоните имаат  повеќе симптоми на синдромот „суво око“.

На децата на кои им биле ускратени смартфоните на еден месец, симптомите се повлекле.

Суво око или ксерофталмија е состојба во која очите не солзат доволно, што предизвикува црвенило, оток и иритација. Обично се поврзува со луѓе во одминати години, но специјалистите веруваат дека таа состојба кај децата се потценува.

Кога гледаме во екраните и мониторите, помалку трепкаме што значи дека доаѓа до зголемено испарување на солзната обвивка и расте веројатноста за болеста суво око.

Во студијата биле анализирани 916 деца помеѓу 7 и 12 години. Во нешто помалку од 7% од нив пронајдени се доволно симптоми за дијагностицирање суво око.

Установено е дека 97% од децата во таа состојба во просек користеле смартфон повеќе од три часа дневно. Тие другите во просек тие уреди ги користеле 37 минути дневно.

Top