понеделник, 20 февруари 2017 | Вести денес: 127 ново

Три работи кои никогаш не треба да му ги кажете на својот партнер или партнерка

Како луѓе, многу сме чувствителни на негативни мисли и дела отколку на оние позитивните. Рик Хансон, психолог и најпродаван автор тврди дека негативните коментари имаат поголема веројатност да останат во нашите мисли од оние позитивните.

Затоа е од голема важност за двојките да работат на позитивна интеракција едни со други за да задржат здрав, среќен однос. Истражувањето покажало дека на двојките им е потребен однос 5 спрема 1 – пет позитивни и една негативна интеракција за врската да остане среќна.

Истражувањето покажало дека постојат три реченици кои не треба да му ги кажете на својот партнер или партнерка.

„Ако ме сакаш, тогаш ти…“

„Зашто меѓу нас веќе не е исто како порано?“

„Се однесуваш исто како мајка ти!“(или твојот татко или кој било друг член на семејството)

Секоја ова овие фрази оставаат силен впечаток – тие значат дека или да сакате акција наместо зборови и да сакате работите да бидат како што некогаш биле или пак едноставно сакате да го поттикнете одбранбениот механизам на својот партнер.

 

Top