сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 60 ново

Роналдо: Нема дилеми, веќе сум дел од фудбалската историја

ronaldo-615x367

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, во понеделникот ја доби ФИФА наградата за најдобар играч за 2016 година и сега верува дека по бројните индивидуални трофеи кои ги освои во кариерата, се доказ дека веќе е еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

– Мислам дека нема никакви дилеми, јас веќе сум дел од фудбалската историја, тоа отсекогаш беше моја цел. Уште од кога започнав да играм фудбал, сакав да бидам фудбалер кој се стреми да биде најдобар и да пишува историја. Мислам дека успеав во тоа. Трофеите, како индивидуалните така и екипните, зборуваат за мене, но и рекордите. Горд сум и тоа дополнително ме мотивира – изјави Роналдо.

Португалецот покрај оваа награда се закити и „Златната топка“ на „Франс фудбал“, а во 2016 година со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и европскиот Супер Куп, додека на Португалија ѝ донесе прва титула од едно Европско првенство.

Top