среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 57 ново

Од петок дневните температури над нулата

snesko

Нов влажен бран со дожд, снег и пораст на температурата ќе ја зафати Македонија од петок.

Утре изутрина ќе биде многу студено, во поголем дел од земјава под ­15 степени, а во текот на денот претежно сончево со пораст на дневните температури. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во петок ќе дува и умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат позитивни. Кон крајот на денот и во сабота на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места и дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка.Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата

 

Top