понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 16 ново

Мистериозно убиство во Данска: Четири деца и родителите застрелани во својот домот

ulstrupШест членови на едно семејство се најдени убиени во нивниот дом во централна Данска, во селото Илструп, а полицијата го истражува убиството.

Според полицијата убиени се двајца возрасни и четири деца, по дојава дека нешто чудно се случува во куќата.

Најверојатно убиени се двајцата родители и четирите деца, две момчиња и две
девојчиња, неофицијално на возраст од 3 до 16 години.

„Кога стигнавме на местото најдовме шест луѓе, двајца возрасни и четири деца, сите беа мртви“, соопшти полицијата.

Полицијата и во вторник продолжува со истрагата на мистериозното убиство, а најавија дека истрагата може да трае со денови.

„Не можеме со сигурност да кажеме што се случило во куќата, истрагата е во тек и се надеваме на некои одговори по завршување на аутопсијата. Истражуваме убиство и се надеваме дека наскоро ќе имаме детали“, напишаа од полицијата.

Аутопсиите се закажани за вторник попладне.

Училиштата и градинките во околината се под посебен безбедносен режим, со оглед на тоа дека официјално не се открива возраста на децата, а се претпоставува дека оделе во локалните училишта и градинки.

„Ова е трагедија и грозен настан што се случи во Улструп. Секако ќе влијае на текот на денот и за училиштата и за дневниот престој“, вели Расмус Молер, раководител на центарот за малди.

„Го активиравме кризниот персонал и ќе бидеме тука за децата да им помогнеме да се изборат со тагата која ќе ја искусат денеска“, додава тој.

Top