сабота, 24 јуни 2017 | Вести денес: 5 ново

Влахов Мицов: Стоп за албанскиот политички тероризам

Stefan-Vlahov-Micov-int113-1

Стефан Влахов Мицов

 

Платформата на албанските политички партии во Македонија е во функција на продолжување на кризата кај нас. Нејзините ултимативни барања не се ништо друго туку најгруб политички тероризам, кој албанските политички команданти го интензивираат и практикуваат посебно од 2001-та наваму. За нив всушност како и да не завршил тероризмот од почетокот на милениумот, туку сега е само преоблечен во политичко руво, користејќи се со филозофијата на хиената за да му нанесат завршен удар на наслабнатиот, ранет и разединет македонски народ.

Барањата во албанската платформа се дрско уценувачки. Прво: Охридскиот рамковен договор. Тој е одамна исполнет над нормата и вклопен во Уставот,  договорот кој за Македонците, за жал, е капитулантски. Притоа, ајде, малку беше тој, па основавме и паразитско Министерство за негово исполнување, кое потроши купишта народни пари и за некои белосветски гробари на Македонија од сортата на македономрзецот Питер Фејт.

Второ: се бара крунска потврда за Албанците во Македонија како државотворен народ, иако е, за жал, тоа веќе е факт уште од почетокот на деведесеттите. И тоа е случај без преседан во светот, едно малцинство да се прогласи за државотворен народ, без да има какво било историско и етичко право на тоа. Ако е така, како што го замислија тоа Вашингтон и Брисел, ајде нека бидат во Франција, на пример, државотворен народ Арапите, а во Германија Турците кои што ги има неколку милиони, или Индусите и Пакистанците во Англија итн.

Трето: јазична еднаквост. Албанците во Македонија надстандардно ги уживаат јазичките права. Сегашниот притисок за двојазичност на целата територија исто така се вклопува во филозофијата на хиената за целокупна албанизација на македонската територија. Тоа е целта и на Еди Рама новиот балкански и европски Милошевиќ.

Четврто: дебата за знамето, химната и грбот, барање  што удира силеџиски врз изворните симболи-архетипови на македонскиот идентитет, со намера истиот да се ликвидира. А што друго. Или на местото од Гоце, Карев и Даме во химната сега да ги ставиме Џемо и Мефаил, а меѓу нив во средина и Еди Рама.

Петто: вклучување на албанските политички команданти во преговорите за името со Грција. Безобразно и безумно барање. Македонски манифест ним им порачува да ги држат што подалеку нивните валкани раце и намери од она што ни е најсвето – праизворот од кој пиеме животворна вода на нашето постоење.

Шесто: соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување(!?), иако меѓу нив и Македонија, за жал, и сега постои само фиктивна граница преку која кога сакаат можат да дојдат неканетите гости во Диво насеље и кај што ќе посакаат на друго место.

Врв пак на ирационалноста на албанските политички команданти кај нас е нивното барање за усвојување на Резолуција со која ќе се осуди геноцидот врз Албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956, периодот во кој, имено, Македонците преживеаја неколку геноцидни потфати врз нив. Убаво барање. Убава Резолуција. Не ни останува ништо друго освен да го цитираме Крлежа, кој со право вели дека и „глупоста е метафизички факт“. Односно може да биде беспрекорно совршена, како што е и ова барање во албанската платформа која е некој вид на коктел од триумфализам и фрустрација. Најлошата хемиска комбинација.

На крајот, кој треба да биде одговорот на Македонците на таа крајно дрска политички терористичка платформа на албанските политички команданти, сега марионетки на надкомандантот Еди Рама, новиот балкански и европски Милошевиќ. Прво: Македонците на ова треба решително да кажат НЕ, макар и по цена на заканата за нова 2001, која е очигледна во поттекстот на албанската платформа. Второ: тоа треба да биде последен сигнал за цврста кохезија на Македонците за одбрана на своите национални интереси, име и идентитет. За одбрана на нивната историска меморија на која ѝ се заканува укинување и од надворешни силници, а кон кои сега отворено им се приклучуваат и албанските политички команданти во Македонија со нивната платформа со терористички мирис. Трето: да си го заземат Албанците во Македонија местото на малцинство, а не на државотворен народ за што немаат ни историско ни етичко право, на начин како што е тоа во западните европски држави. Оти Македонија е единствен пример во светот каде една малцинска група бескрупулозно, за жал со нејзините западни спонзори, го уценува мнозинството. Но Запад допрва ќе ги собира горчливите плодови на неговиот мрачен експеримент со Македонија и Македонците кои, иако со многу жртви, ќе се одбранат како што и досега многупати се одбраниле во неблагонаклонетата историја. Македонски манифест за тоа мисли дека е конечно време и повикува за создавање на Семакедонски фронт за одбрана на своето постоење.

На крајот Македонски манифест ги повикува албанските политички лидери да ја повлечат својата, и на Рама, нереална, шизофрена платформа и да запрат со фрлањето отров во душата на обичните невини Албанци. Конечно и нека не бидат марионетски џуџиња во валканите политички дланки на Еди Рама.

 

Top