сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 52 ново

Одлични реакции за „Ослободување на Скопје“ на Филмскиот фествал во Палм Спрингс

Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија, беше прикажан на 28-мото издание на филмскиот фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија како дел од програмата “Awards Buzz Fest Foreign Language Film”, соопштија од продуцентската куќа „Партизанс“.

„Филмот имаше проекција на деветти јануари, а втората прокеција ќе биде одржана на 11.01.2017 година во киното „Регал“. По првата проекција, филмот беше прифатен со одлични реакции и публиката имаше можност да му поставува  прашања на режисерот Данило Шербеџија“ се вели во соопштението.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Небојша Глоговац.

Филмот е ко-продукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска, а финансиран е од Агенцијата за филм на Македонија и подржан од „Еуримаж“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top