сабота, 16 декември 2017 | Вести денес: 31 ново

Пресврт во разводот на Џоли и Пит

Анџелина Џоли и Бред Пит постигнале заеднички договор околу разводот. Светски познатите актери одлучиле дека сите детали околу разводот ќе ги задржат во потполна приватност со помош на приватни судии и дека заедно ќе работат на повторно соединување на своето семејство, навеле актерите во заедничката изјава, пишува „Гардијан“.

Ова е прва заедничка изјава на Бред и на Анџелина откако Џоли поднесе барање за развод минатата година. Бред во неколку обиди бараше документите за развод да останат приватни. Старателството над децата е главен проблем во разводот кој привлече големо внимание.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top