петок, 23 јуни 2017 | Вести денес: 17 ново

Поддршка од коалицијата до Груевски за формирање стабилна влада со барање за претпазливост во постигнување на договорот

gruevski-sredba-so-koalicijata-za-podobra-makedonija-2

Претседателот на ВМРО­ ДПМНЕ Никола Груевски денеска одржува средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“. Фокусот на средбата е на резулатите од предвремените парламентарни избори, а во пресрет на започнувањето на преговорите за формирање нова влада. ­ Главна тема е анализата на изборните резултати, односно сите претставници на политичките партии ги предочија своите видувања околу ангажманите и резултатите и за сето она што се случи во Република Македонија на денот на изборите.

gruevski-sredba-so-koalicijata-za-podobra-makedonija-1

-Беа давани различни идеи како од тука натаму коалицијата да постапува, при што беше потврден целокупниот легитимитет и целокупната поддршка која што претседателот на ВМРО­  ДПМНЕ сега како мандатар ја има од коалицијата „За подобра Македонија“ – изјави Илија Димовски, член на Извршниот комитет на партијата и пратеник.

gruevski-sredba-so-koalicijata-za-podobra-makedonija-3

Во однос на најавеното отпочнување преговори за формирање влада со ДУИ, Димовски рече дека насоките за преговори се составен дел од Изборната програма на ВМРО­ ДПМНЕ и коалицијата.

gruevski-sredba-so-koalicijata-za-podobra-makedonija-4

-Доколку ме прашувате во врска со позициите на ДУИ, би сакал да кажам дека ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на претседателот Никола Груевски. На денешната средба видливо беше негодувањето, посебно од страна на претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници – рече Димовски.

gruevski-sredba-so-koalicijata-za-podobra-makedonija-5

gruevski-sredba-so-koalicijata-za-podobra-makedonija-6

gruevski-sredba-so-koalicijata-za-podobra-makedonija-7

Top