недела, 25 јуни 2017 | Вести денес: 0 ново

Паметните телефони предизвикуваат синдром на суво око

Откриено е дека кај деца кои минуваат многу време со таканаречените паметни телефони, имаат и повеќе симптоми на синдромот суво око.

Симптомите се повлекле кај децата на кои на еден месец им биле одземени телефоните.

Суво око или ксерофталмија е состојба во која очите не солзат доволно и тоа предизвикува црвенило, оток и иритација на окото. Обично се поврзува со повозрасните, но специјалистите веруват дека оваа состојба кај децата се потценува.

Кога постојано гледаме во екрани и во монитори, помалку трепкаме и тоа значи дека доаѓа до зголемено испарување на солзниот филм и раст на веројатноста за болест на суво око.

 

Top