петок, 24 март 2017 | Вести денес: 119 ново

По повеќе од 12 саати пат, македонските ракометари пристигнаа во Мец

makedonija-rakomet

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Мец каде ќе ги игра натпреварите од Светското првенство (СП) кое почнува за два дена.

Црвено-жолтите по повеќе од 12-часовен пат пристигнаа во францускиот град, а патот минал во најдобар ред. Ракометарите се сместени во хотелот, а првиот официјален тренинг ќе го имаат денес од 16.30 часот.

Македонија првиот натпревар на СП го игра на 12 јануари, а противник е репрезентацијата на Тунис (17.45 часот).

Top