сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 11 ново

Дани Алвес јавно ги искритикува поранешните соиграчи од Барселона

dani-alves

Поранешниот фудбалер на Барселона и сегашен член на италијанскиот шампион, Јувентус, Дани Алвес, на синоќешната церемонија во Цирих, каде ФИФА ги одреди најдобрите за 2016 година, јавно ги критикуваше своите поранешни колеги за одлуката да не присуствуваат на овој настан.

– Доколку мене ме прашате, тие мораа да дојдат тука. Тие се и повеќе од подготвени за натпреварот в среда, но добро. Треба да се почитува секоја одлука, но навистина мораа да дојдат на церемонијата – накратко изјави Алвес.

Барселона уште во текот на вчерашниот ден објави дека нема да допатува ниту еден негов претставник во Цирих, наводно заради обврските за утрешниот Куп реванш против Атлетик Билбао.

Бразилскиот бек доби признание на вчерашната гала-вечера со тоа што беше избран во одбранбената линија на идеалниот тим за 2016 година.

Top