среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Србија во немилост на Европа поради изјавата на Дачиќ за Македонија

Пратениците во Европскиот парламент што се дел од Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), синоќа, за време на првото читање на нацрт-извештајот на Евопарламентот, жестоко ја нападнааа Република Србија за нејзините односи со соседите, посебно со Република Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, европратениците од Словенија, Алојз Петерле и Иво Вајгл, како и уште неколкумина други пратеници во ЕП од балканскиот регион, посебно ја осудија неодамнешната изјава на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во однос на признавањето од српска страна на Република Македонија под нејзиното уставно име.

– Што се однесува до односите на Србија со соседите, како со Босна и Херцеговина, така и со останатите, тие тешко дека може да се опишат како прифатливи. Тука посебно мислам на изјавата на Дачиќ, во контекстот на признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име од страна на Србија, дециден беше европратеникот Вајгл.

Инаку, првичниот нацрт-извештај за Србија во ЕП содржи политички коректни нотации и пофалби за Србија, но правно оваа соседна земја на Македонија е осудена дека правосудството не е независно, дека нема напредок во борбата против корупцијата, дека не ги усогласува надворешните политики со оние на Европската унија (пр. не воведува санкции кон Русија), како и за нетранспарентност на сопствеништвото во медиумите, притисоци и заплашување на ноовинарите, за што е изразено голема загриженост и е нотирано дека „оваа состојба не се поправа“.

Top