понеделник, 24 април 2017 | Вести денес: 0 ново

Најголем пресврт во историјата на кошарката, за 70 секунди надополнија 14 поени негатива (видео)

presvrt

Неверојатен пресврт е виден викендов на кошаркарските терени во САД. Во натпревар од НЦАА лигата меѓу Невада и Њу Мексико на 70 секунди до крајот младите кошаркари на домаќините водеа со 90-76, но тогаш тргна пресвртот.

Играчите на Невада успеаја да реализираат дури шест тројки од исто толку напади и стигнаа до нерешено (94-94), со што се изборија за продолжение, а таму на три секунди до крајот стигнаа и до победата од 105-104, погодувајќи со шут за три поени.

Американските медиуми овој меч го ставаат на првото место на најневеројатните пресврти во кошарката. Во продолжение погледнете ги последните 70 секунди од мечот во кој голобрадите момчиња на Невада стигнаа до победата.

 

Top