понеделник, 1 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Вандалски чин во Буенос Аирес, уништена статуата на Лионел Меси

mesi-statua-1

Статуата на аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси во центарот на Буенос Аирес е речиси целосно уништена од неодговорни злосторници во текот на вчерашниот ден.

Целиот горен дел и лицето се уништени, а само долниот дел е во добра состојба.

Статуата беше поставена минатото лето, а сега веднаш е однесена на поправка, па потоа ќе се утврди дали има простор за корекција или ќе се изработи нова статуа.

mesi-statua

Лионел Меси се врати во дресот на репрезентацијата на Аргентина по неговата одлука во јуни минатата година да се повлече по Копа Америка во САД.

Top