вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 122 ново

Французите знаат да организираат, потрошија 30 милиони евра за најдобриот мундијал до сега

francija-mundijal

Светското првенство во ракомет, кое официјално ќе започне в среда навечер со мечот Франција – Бразил ќе биде најскап Мундијал во историјата и ќе го надмине дури и шампионатот пред две години во Катар.

Французите се подготвени да потрошат 30 милиони евра за турнирот кој ќе трае 18 дена, заклучно со финалето до 29 јануари.

Сигурно ќе биде соборен и рекордот на еден натпревар од Светско првенство, со оглед на тоа што мепот од осминафиналето на домашната селекција ќе се игра на стадионот во Лил пред 27.500 гледачи.

Од влезници и од сместување на навивачите и гостите Франција очекува да профитира со 18 милиони евра, а билети за одреден број на натпревари и натаму можат да се купат на Интернет.

Top