среда, 22 февруари 2017 | Вести денес: 81 ново

Атина под снег, училиштата и градинките затворени

Во поголемиот дел од Грција денеска е регистрирана многу ниска температура и обилни врнежи од снег, кои се очекува деновиве да преминат во дожд поради временски влијанија што доаѓаат од запад.

Во Атина некои автобуски линии не работат поради снег и лапавица на улиците, а некои патишта во северните делови на градот ќе останат затворени.

Училиштата и градинките во грчкиот главен град денеска поради мразот ќе бидат затворени, соопштија синоќа локалните власти. Тие, исто така, ги повикаа атињаните да го ограничат свoето движење за да се избегнат несреќи и заглавувања во снегот.

– Општината е подготвена да ги заштити бездомниците, а наши екипи фрлаат сол по улиците за да се обезбеди пристап до болниците – се додава во соопштението.

Top