сабота, 29 април 2017 | Вести денес: 0 ново

Дрогба не сака да се пензионира, му се нуди на поранешниот тим

didie-drogba

Поранешниот фудбалер на Олимпик Марсеј и Челси, Дидие Дрогба, би можел да се врати во Франција по неколкугодишната авантура во МЛС лигата.

Еден од најкорпулентните напаѓачи во поновата фудбалска историја сега е слободен играч, а големи се шансите повторно да го облече дресот на францускиот гигант, Олимпик Марсеј.

– Постои опција повторно да заиграм во Франција, но сега не можам да открија ништо повеќе. Се надевам дека ќе го исполнам ветеното и еден ден ќе се вратам во Олимпик Марсеј. Сега треба да седнеме и да поразговараме – изјави за француски „Канал +“ Дрогба.

38-годишниот голгетер една сезона беше член на Олимпик Марсеј од 2003 до 2004, во кој настапи на 35 меча, постигнувајќи 19 гола, а врвот на својата кариера ја доживеа во лондонски Челзи, за кого настапуваше цели осум години.

Top