сабота, 16 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Генсхајмер треба да одлучи дали ќе учествува на престојното Светско првенство

HANDBALL Männer, Supercup Deutschland - Brasilien

Европскиот шампион Германија се соочува со неочекуван проблем на само еден ден пред официјалниот почеток на мундијалот, откако беше обелоденето дека настапот на Уве Генсхајмер на претстојното Светско Првенство е крајно неизвесен.

Не станува збор за повреда, туку за семејна трагедија откако во текот на вчерашниот ден починал таткото на ракометарот на ПСЖ. Уве бил во шок и му било дозволено веднаш да го напушти националниот тим и да се упати кон своите најблиски, а челниците на репрезентацијата очекуваат самиот ракометар да реши дали ќе може да настапи на мундијалот во Франција.

– Уве Генсхајмер самиот најдобро се познава и може да процени дали во следниот период би можел да биде максимално фокусиран на ракометот и репрезентацијата. Затоа, тој самиот ќе ја донесе одлуката дали ќе игра на СП или не – изјави Боб Хенинг, потпретседател на Германската Ракометна Федерација.

Германија е дел од групата Д на СП 2017 заедно со селекциите на Унгарија, Хрватска, Белорусија, Чиле и Саудиска Арабија. Европските шампиони својот прв меч во Франција ќе го играат в петок, кога за противник ќе ја имаат селекцијата на Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top