сабота, 16 декември 2017 | Вести денес: 30 ново

Трката за Јоветиќ ја доби Севилја

jovetic

Стеван Јоветиќ својата кариера ќе ја продолжи Севилја, откако шпанскиот прволигаш излезе како победник од трката за негов потпис. За услугите на црногорскиот ас се интересираа неколку клубови од Италија, Јоветиќ одби и мега-понуда од Кина порачувајќи дека сака да се докаже на европската сцена, нешто што му го овозможува трансферот во Севилја.

Сите детали се договорени, тој ќе се пресели во клубот од Андалузија на шестмесечна позајмица, а Севилја следното лето ќе може целосно да го откупи неговиот договор со Интер за сума од 14 милиони евра. Со тоа, Јоветиќ стана крај на неуспешната авантура во Интер, клуб каде Црногорецот не успеа да ги покаже своите квалитети.

Тој ќе може да настапува за Севилја и во Лигата на шампионите, а сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Сампаоли и во Примера дивизион, каде оваа екипа моментно е второпласирана на табелата, зад Реал Мадрид, а пред шампионот Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top