вторник, 24 октомври 2017 | Вести денес: 29 ново

На градските улици и на булеварите фрлени 250 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатава ноќ, до утрово фрлија 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица.

Град Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Градските власти потсетуваат дека индустриската сол има ефект до – 6  Целзиусови степени и поради ниските температури можно е појавување голомразица на коловозот и апелираат на голема внимателност во сообраќајот.

Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

– Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти – соопшти Град Скопје.

ЈП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Top