сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 58 ново

Гугловата директорка го уништи Јаху

marisa-mejer

Директорката на интернетскиот гигант „Јаху!“ Мариса Мајер, која своевремено во компанијата ја довлечкаа со енормна помпа од конкурентскиот „Гугл“, по четири и пол години зад кормилото на фирмата го најави своето заминување, а во каква состојба го довела сведочи податокот дека „Јаху“ по нејзиното заминување ќе престане да постои под тоа име.

Тоа е потврдено доцна во понеделникот во директориумот на компаниите на американските регулатори, во којшто се опишуваат плановите за превземање на фирмата од страна на телекомукацискиот гигант „Веризон“. Освен Мариса Мајер, управата веднаш по финализирањето на трансакцијата, ја напушта и ко-основачот на „Јаху!“ Давид Фило како и уште четири други членови, а новото име на фирмата, откако превземањето од страна на „Веризон“ ќе биде завршено, би требало да гласи „Алтаба“.

Веднаш откако Мариса дојде во „Јаху!“ во мај 2012 година, се чини дека тогаш паднатиот интернетски гигант малку живна. Компанијата почна со скапи превземања, меѓу најголемата аквизиција беше „Тумбир, покренати беа и бројни нови проекти, на пример, во продукцијата на видео содржината, за што беа ангажирани и некои имиња на светски ѕвезди, но на крајот малку од тоа се покажа плодоносно, а последните месеци се обележани со срамни откритија на хакерски упади на системите на имејлот на „Јаху!“, кои се оценети како најголеми во историјата на интернетот.

„Веризон“, кој пред извесно време науми да ја превземе компанијата за 4,8 милијарди долари, поради најновите случувања бара начин радикално да ја намали цената на купувањето.

Top