петок, 21 јули 2017 | Вести денес: 101 ново

Договор за набавка на четири нови електрични локомотиви

voz

МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска ќе потпишат договор за набавка на четири нови електрични локомотиви во рамки на Проектот за обнова на возниот парк.

Проектот го реализираат МЖ Транспорт АД – Скопје во соработка со Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и ЕБОР.

На потпишувањето е најавено присуство на претставници на Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Македонски Железници Транспорт АД и CRRC Zhuzhou Electic Locomotive Co.,Ltd.

Top