среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 62 ново

Јована Јоксимовиќ ја откри најголемата тајна на Жељко (Видео)

Јована Јоксимовиќ, сопругата на познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ, открила како настанала една од неговите најубави песни.

Имено, убавата водителка зборувала за песната „Љубави“.

-Седевме во станот и мене Жељко ми вели јас немам хит, а јас си мислам, како немаш хит, а на тој албум има 9 песни, не се знае која од која поубава. И тогаш тој ми рече, одам во студио. Замина човекот во студио и откако се врати ми кажа – сепак имам хит. Прво Јелена Томашевиќ го напиша текстот за песната и тој беше преубав кога се читаше, но кога ќе се отпееше не звучеше така. Тогаш дојде Бајага во студио поради некои други песни, ја слушна музиката, се воодушеви и го напиша текстот за таа песна“, објаснила Јована.

Top