недела, 19 февруари 2017 | Вести денес: 22 ново

Ник Кирјос: За тоа што го направи Ѓоковиќ, јас ќе бев казнет до 2025 година

Светскиот тениски рекет број две Србинот Новак Ѓоковиќ триумфираше на АТП турнирот во Доха, но неговата победа во финлето над Британецот Енди Мареј остана во сенка на потегот кој го направи за време на натпреварот. Ѓоковиќ луто реагираше и ипрати едно топче на трибините, а притоа погоди една жена која седеше во првиот ред.

Новак по натпреварот ја призна својата грешка и јаво се извини по завршување на натпреварот.
-Направив грешка, но немав намера да го напрвам тоа. Топчињата ги погодуваат луѓето, особено оние кои седат во првите редови. Се случува и тоа, но јас не смеев да го направам тоаи подготвен сум да ја прифатам казната, изјави Новак.

Оваа ситуација ја искоментира и контроверзниот Австралиец Ник Кирјос, кој за целиот случај се огласи преку социјалната мрежа Твитер.

-За тоа што го направи Ѓоковиќ, јас ќе бев казнет до 2025 година, напиша Кирјос.

Ѓоковиќ за непромислениот потег на турнирот во Доха, беше казнет само со 2.500 долари од страна на АТП.

Top