среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 70 ново

Нови авиолинии кон Охрид, 2016 г. рекордер по бројот на летови

Презентирањето на Македонија, а особено Охрид како атрактивна туристичка дестинација во светот, продолжува и со упешната реализација на преговорите помеѓу „ТАВ Аеродроми“ и швајцарската авиокомпанија „Германија флуг АГ“, за воведување директни редовни летови од Охрид до Цирих. Оваа рута која беше додадена на распоредот на аеродромот „Св. Апостол Павле“, на 17 декември, послужи како добра врска помеѓу Македонија и Швајцарија,а функционира и како линк меѓу Германија, особено нејзиниот јужен дел. Според договореното, авиокомпанијата засега оперира еднаш неделно во зимскиот ред на летање, а тој бројот ќе се зголеми на двапати во неделата во текот на летото, пренесе ТВ Алфа.

Неодамна, на покана на ТАВ, поголем број француски и полски тур-оператори ја посетија Македонија и Охрид со цел – воспоставување нови летови и зголемување на сообраќајот на охридскиот аеродром.

-Изминатава година беше рекордер по број на воведени авио линии кон охридскиот аеродром, вели градоначалникот Бакрачески кои очекува тој тренд да продолжи и годинава.

Бакрачески вели дека во 2016-та Охрид бил присутен во над 200 странски медуми,што е потврда за напорите кои локалната самоуправа ги прави,туризмот да биде водечка економска гранка во Охрид. Тој најави драстична промена на стратегијата за промоција и маркетинг на градот.

Наша визија е да ги направиме македонските аеродроми главни центри за авиосообраќај во регионот, обезбедувајќи разновидни услуги, привлечни не само за македонските граѓани туку и за патниците од соседните земји, велат од ТАВ Македонија.

Top