вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 122 ново

Забрана за скапите транфери, Кинезите го ограничија бројот на странци

hulk

Челниците на Фудбалската федерација на Кина решија да постават нов закон со кој ќе спречат евентуално уништување на кинескиот фудбал, а предност да добиваат скапите ѕведи кои доаѓаат од странство.

По неколкуте трансфер-бомби, одлучено е во Кина да може во еден тим да играат четири странци, наместо пет, како што беше претходно. Исто така, дел од промените ќе биде и дозволата само тројца странци да бидат истовремено на терен.

Новите правила се донесени непосредно пред преодниот рок пред стартот на новата сезона во кинескиот шампионат. Промените ќе стапат на сила од март, 2017 година, кога почнува новиот кинески шампионат.

Кинеските клубови во само десет дена трипати го рушеа трансфер-рекордот. Прво, пристигна Хулк, за потоа Шангај да го донесе Оскар од Челзи. Последното мегазасилување е Карлос Тевез, кој стана најплатениот фудбалер во светот со заработка од 40 милиони евра по сезона.

Top