четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 92 ново

17. зимски саем на книга во „Матица“

Од 20 до 30 јануари 2017 година, клуб „Матица“ организира 17. традиционален зимски саем со препознатливиот слоган „Книга во секој дом”. Ќе бидат понудени голем број современи и класични литературни дела  по саемски цени од домашни и странски автори.
Белетристика, енциклопедии за деца и за возрасни, психологија, филозофија, историја, драма, трилер, мистика, гастрономија, право, политика, лексикографија, езотерија, поезија, креативни и друштвени игри, прирачници: е дел од понудата што оваа година ќе биде збогатена и  со книги од  соработниците „Делфи“ и „Лагуна“ од Белград, „Парагон“ и „Орион“ од Лондон.
Голем избор за разновидна читателска публика по цени достапни за секого.
Популарните „Ѓаволот дојде по своето“, „Господар на злото“, „Ако не те видам повеќе“, „Сенки од минатото“, „Јавен настап“, „Самурајот од Севилја“, „Ангелско дрво“, „Моќта на позитивното мислење“ се само дел од книгите што оваа година со задоволство ви ги препорачуваме.
Секој ден од 20 до 31 јануари во просториите на Булеварот на книгите  ќе има автори-домаќини, кои ќе ги презентираат и потпишуваат своите најнови дела:

Вера Калин – 18 јануари почеток 18 ч
Ксенија Николова – 20 јануари почеток 18 ч
Марија Лозаноска – 27 јануари почеток 18 ч
Јован Илиески – 30 јануари почеток 18 ч

Top