вторник, 24 октомври 2017 | Вести денес: 30 ново

Детски викенд во МОБ: Балетска претстава „Снежана и седумте џуџиња“

Македонската опера и балет и после Новогодишните празници, на својот репертоар ќе продолжи со поставување на  претстави за деца, во т.н. детски викенд секој месец, од кои најмладата популација ќе може да се едуцира и да го почувствува амбиентот на театарот.
За таа цел во сабота, 14.01. и во недела, 15.01.2017 г. со почеток во 12 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет е закажана популарната детска балетска претстава  „Снежана и седумте џуџуња“.

Најблагородната публика поторно ќе може да ужива во бравурозната игра на популарните ликови, Смешко, Учо, Лутко, Спанко, Убавата принцеза Снежана, Принцот, Грдата Вештерка и други.
„Снежана и седумте џуџуња“, е една од најизведуваните претстави за деца во Македонската опера и балет, на која секогаш нашата најмлада популација го исполнувала Салонот до последно место.

Top