четврток, 14 декември 2017 | Вести денес: 101 ново

УЈП со повик до граѓаните

Доколку граѓаните не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година и за претходни години по основ на Годишна даночна пријава или за 2016 година по основ на Аконтативна даночна пријава, тоа да го сторат во најкраток можен рок, порачуваат од Управата за јавни прииходи (УЈП)

Оттаму прецизираат дека укажувањето се однесува и за самостојните вршители на дејност – занаетчии, земјоделци, трговци поединци, адвокати, нотари и други кои не извршиле плаќање на персоналниот данок на доход, без разлика дали станува збор за обврзник кој го плаќа данокот според реален или паушално утврден приход.

– Граѓанинот може да изврши проверка на состојбата на долговите за персонален данок преку интернет користејќи ја услугата „е-Плаќање на персонален данок“. Регистрацијата за користење на оваа е-услуга е бесплатна за граѓаните. Единствено што ви е потребно е е-пошта и да креирате ваш кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_pregledPlakanje.jsp. За повеќе информации преземете го флаерот „е-Плаќање на персонален данок“ (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/60), порачуваат од УЈП.

Доколку граѓанинот по различни основи има потреба да му биде издадено Решение за утврдување на персонален данок, може да поднесе Барање за препис (УЈП-ПР-З.2-16/1). Дополнителни информации може да се добијат преку Инфо центарот 0800 33 000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top