понеделник, 23 јануари 2017 | Вести денес: 81 ново

Повеќе мерки и активни реформи започнуваат oд оваа година

merki

ВМРО-ДПМНЕ во последните месеци од минатата година ги промовираше повеќето мерки и активни реформи кои ќе се остварат во оваа 2017. Дел од тие мерки се: поддршка за греење на пелети, поддршката од 80% за системот капка по капка за земјоделците, субвенции за набавка на електрични автомобили, како и субвенции за инсталирање плински уреди во возилата.

Субвенции за набавка на електрични автомобили

Увозот на електрични возила ќе биде со нула проценти царина и без дополнителна акциза, наместо 18 проценти се воведува повластена даночна стапка од 5 проценти, што значително ќе влијае на намалување на пазарната цена на возилата и до 20 посто. Предвидени се и субвенции за купување електрични автомобили во износ од 3.500 до 5 илјади евра, во зависност од цената на автомобилот, а сопствениците на овие возила ќе бидат ослободени од плаќање патарина за период од 10 години, ќе се ослободат од плаќање паркинг со обезбедени полначи на батериите, ќе им се даде приоритет во сообраќајот, ќе имаат олеснување во делот на регистрацијата. Полначите ќе се инсталираат на паркиралишта, во катни гаражи, на бензинските пумпи, во хотели од повисока категорија.

plinski-ured-vo-kola

Субвенции за инсталирање плински уреди

Владата исто така најави и мерка за поддршка за вградување плински уреди во возилата. Сопствениците на автомобили со пониски еколошки стандарди ќе добијат ваучери од по 300 евра, а за оваа намена секоја година ќе биде објавуван јавен повик. Ова значи дека ако инвестицијата изнесува 500 евра, 300 плаќа државата, а 200 сопственикот на возилото.

Што предвидува проектот за пелетите?

Субвенции за купување печки на пелети, намалување на ДДВ-то и за печките и за пелетите, субвенции за инсталирање на системи за греење на пелети во големи објекти коишто вршат јавни дејности. Ова е суштината на проектот за стимулирање на греењето на пелети, што ќе се спроведува од 2017-та до 2020-та година и ќе ги чини околу 14 милиони евра, односно по 3,5 милиони евра годишно. Ова ќе значи и голема заштеда за граѓаните.

– Печка со систем за дување на топол воздух за површина до 60 квадратни метри чини 42.500 денари со 18 посто ДДВ и сезонска потрошувачка од 1,5 тон пелети. Со намалувањето на ДДВ-то, печката ќе чини 36.888 денари, државата со субвенцијата ќе покрие 70 проценти, што значи дека граѓанинот ќе треба да плати 11.066 денари, објаснува директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски.

Финансиска стимулација за домаќинствата е огромна, бидејќи државата ќе покрива и до 70 проценти од трошоците за замена на печките на дрва со оние на пелети, односно до максимални 30 илјади денари.

Со набавка на високо приносен добиток до повисоки приходи и конкурентност на сточарите

Со мерката за 80% финансиска поддршка при набавка на високо приносен добиток ќе се обезбедат повисоки приноси за сточарите, а со поквалитетните производи кои се добиваат од ваквите грла добиток, македонскиот земјоделец ќе стане поконкурентен на европскиот пазар, вели заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Мерката која ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е дел од програмата на партијата и би стапила на сила од јануари идната година, а предвидено е Владата да покрие 80% од трошоците за набавка на високоприносен добиток, со кој не само што ќе се подобри квалитетот на производството и одгледувањето на добиток, туку за неколку пати ќе се зголеми заработувачката на сточарите и оние кои планираат да се занимаваат со сточарство.

При креирањето на оваа мерка, се воделе и од фактот да го подигнат нивото на бројност на добитокот во Македонија, но и да го подобрат квалитетот на структурата во овчарството, краварството, свињарството.

Максимална заштеда за земјоделците со поддршката од 80% за системот капка по капка

Земјоделците кои ќе инсталираат капка по капка ќе добијат 80 поддршка од државата. Тоа преставува огромна можност за земјоделците кои на тој начин ќе го зголемат производството и ќе имаат поголем квалитет. Огромни се предностите и можностите кои ги нуди проектот. Заштедата со системот капка по капка е голем, од 50-80% во зависност од почвата, а инвестицијата се враќа многу брзо, велат корисниците.

Top