вторник, 22 август 2017 | Вести денес: 32 ново

Харден со нов трипл-дабл му донесе победа на Хјустон, инфаркт завршница во Портланд (видео)

harden

Кошаркарите на Хјустон Рокетс на крилата на Џејмс Харден стигнаа до победа над Торонто со 129-122. Најпознатата кошаркарска брада со „трипл-дабл“ ефект од 40 поени, 11 скокови и 10 асистенции повторно беше најдобар поединец на натпреварот. Харел со 28 поени, Гордон со 19 и Ариза со 17 поени му помогнаа да ја оствари целта и стигне до нова победа.

Се чинеше како сè да е готово помеѓу Портланд и Детроит откако домаќините имаа два поени предност до десеттата секунда на истекот на продолжението. Колдвел Поуп не сакаше да се помири со тоа, ризикуваше да се извлече зад линијата за три поени и успеа во намерата. Од 122-124 на семафорот стоеше 125-124 и нова победа за Детроит. Реџи Џексон со 31 поен и Андре Друмонд со 28 поени и 14 скокови беа најефикасни на синоќешниот натпревар додека Поуп уфрли 26 поени.

НБА резултати:

Мемфис – Јута 88-79, Феник – Кливленд 116-120, Сакраменто – Голден стејт 106-117, ЛА Лејкерс – Орландо 111-95, Милвоки – Вашингтон 101-107, ЛА Клиперс – Мајами 98-86, Бруклин – Филаделфија 95-105, Торонто – Хјустон 122-129, Портланд – Детроит 124-125.

Top