четврток, 18 јануари 2018 | Вести денес: 92 ново

Легендарната „Силверстоун“ заминува во историјата

silverstoun

Сопствениците на британската автомобилистичка патека „Силверстоун” размислуваат да стават крај на организација на трка од Формула 1 поради финансиски проблеми.

Сопствениците на историската патека испратиле пораки до сите свои вработени за евентуалниот крај на обврските по трката во 2019 година.

– Ќе ги разгледаме сите можности пред да направиме избор кон средината на годината. Финансиската ситуација не ни е совршена и нема да биде изненадување комплетно да ги затвориме Формула 1 активностите – објавија од раководството на „Силверстоун”.

Договорот меѓу Формула 1 шампионатот е со важност до 2026 година, но и двете страни имаат право да го прекинат по 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top