среда, 22 февруари 2017 | Вести денес: 97 ново

Ѓоковиќ, Надал и Федерер се судбински поврзани

Неверојатно звучи податокот дека Роџер Федерер и Рафаел Надал имале идентичен број трофеи кога биле на годините на Новак. Српскиот тенисер во финалето во Доха го совлада Енди Мареј со 2-1 во сетови и на 29 години и 229 дена стигна до 67 пехар во кариерата.

На тие години и Федерер стигна до 67 титули, и тоа, интересно, исто така во Доха.

Швајцарецот во моментов има 88 трофеи, но во моментот кога имал 29 години, имал ист број титули како и Новак.

Истата ситција е и со Рафаел Надал. Шпанецот, кој во моментов има 30 години и 69 трофеи, на 29 години и 229 дена исто така имал 67.

Top