понеделник, 24 април 2017 | Вести денес: 135 ново

Вестбрук е неверојатен, нов трипл-дабл за победа на Оклахома (видео)

rasel-vestbruk

Синоќа во НБА лигата беа одиграни седум натпревари, а за одбележување е новата победа на Оклахома овојпат над Денвер од 121-106. Лидерот на домаќините Расел Вестбрук како по обичај забележа уште еден „трипл-дабл“ со ефект од 32 поени, 17 скока и 11 асистенции.

Кај Денвер најдобар беше Вилсон Чендлер со 24 поени и 7 скока, а Нуркиќ постигна 11 поени, дополнети и со 10 скока.

Интересен натпревар одиграа Чикаго и Торонто кој е завршен по продолжението. Торонто имаше предност и од 19 поени во регуларниот дел, но Чикаго го стигна сето тоа и во продолжението дојде до триумф од 123-117. Батлер брилјираше со 42 поени, 10 скока и пет асистенции, а Вејн го следеше со 20 поени и седум асистенции.

Сан Антонио стигна до трета едноподруго победа, а вкупно 30-та, и тоа убедлива над Шарлот од 102-85. Бертанс беше најдобар на паркетот со 21 поен за 18 минути игра. Ленард дополни со 19 поени, а Олдриџ мечот го заврши со 15 поени и 11 скока.

НБА резултати:

Индијана – Њујорк 123-109, Бостон – Њу Орлеанс 117-108, Чикаго – Торонто 123-117 (пр), Минесота – Јута 92-94, Оклахома – Денвер 121-106, Далас – Атланта 82-97, Сан Антонио – Шарлот 102-85

Top