петок, 26 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Ѓоковиќ: Победа над светскиот рекет број 1 е сон на секој тенисер

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, успешно ја прескокна првата пречка во борбата за челната позиција на АТП листата. На турнирот во Доха, Ноле успеа да ја одбрани титулата, откако во финалниот меч славеше тешка победа од 2-1 над големиот ривал, Едни Мареј.

– Новата сезона ја започнав на најдобар можен начин. Спасив пет меч топки во полуфиналето, а на овој меч пропуштив три во вториот сет. Енди се врати во игра, го доби вториот сет и тогаш мислев дека ќе ме казни за пропуштеното. Беше многу блиску, водеше 3-2 и имаше 30-0. Кога играте против него секогаш до последен удар не се знае ништо. За нас двајцата не е чудно што три сета игравме три часа. Борбата беше физичка и среќен сум што јас на крај излегов како победник. Многу ми значи оваа победа, бидејќи во последните три месеци од 2016 година не се чувствував самоуверен на терен и не играв како што посакував. Почеток на сезоната со триумф над првиот рекет на светот и најголем ривал е почеток од соништата – изјави по вчерашниот дуел Ѓоковиќ.

Србинот со оваа победа најави дека што е можно поскоро планира да се врати на местото каде што припаѓа, на чело на АТП листата, и по пауза од 28 меча успеа да му го нанесе првиот пораз на Енди Мареј.

Top