вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 125 ново

Авиосообраќајот на „Александар Велики“ се одвива нормално, одложени се само летови за Истанбул

Авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“ се одвива нормално, на дел од летовите има мали доцнења, но во принцип сите авиони навремено слетуваат и полетуваат.

Засега од управата на ТАВ посочуваат дека се откажани летовите од и до Истанбул на „Туркиш Ерлајнс“ поради лоши временски услови на „Кемал Ататурк“ аеродромот.

Откажани се и авиолиниите што доаѓаат од Лондон и од Хановер. За сите промени во распоредот на летање патниците ќе бидат навремено известени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top