среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 84 ново

Најдобрата словенечка скијачка Тина Мазе се пензионираше

Најтрофејната скијачка на Словенија, Тина Мазе и официјално стави крај на својата богата кариера. Таа беше дел од велеслаломска трка на домашен терен во Марибор и со стил се збогува од своите навивачи.

На половина од патеката застана за да се поздрави со својот сопруг и тренер Андреа Маси, за потоа застана пред целната линија.

Ги соблече скиите, ги зема во рака и со чекори ја мина целта за голема ерупција на трибините.

maze2

Тина Мазе има 26 победи во Светскиот куп, а во 2013 го освои и големиот кристален глобус.

Се закити со четири олимписки медали, две златни во Сочи во 2014 и две сребрени во Ванкувер во 2010 година. Таа има и четири златни и пет сребрени медали од светските првенства.

Top