сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 11 ново

Трамп: Само будалите не сакаат добри односи со Русија!

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска ги осуди оние кои се противат на добрите односи со Русија, нарекувајќи ги „глупи луѓе и будали“.

Трамп по овој повод објави повеќе твитови, во кои истакна дека ќе соработува со Русија како би се спасиле од „некои од многубројните горчливи проблеми и прашања со кои се соочува светот“, пренесе „Би-Би-Си“.

– И онака има доволно проблеми во светот – наведува Трамп, и ветил дека, кога тој ќе ја презеде функцијата претседател, Русија ќе ги почитува САД „многу повеќе отколку сега“.

Top