петок, 28 април 2017 | Вести денес: 49 ново

Џорџ Мајкл бил убиен?

Полицијата продолжува да ја истражува смртта на пејачот Џорџ Мајкл. Според последните информации има сомневање дека бил предозиран од дрога, пишува „Дејли бист“.
Љубовникот на Мајкл, Фади Фаваз, веќе бил испрашан од полицијата и тврдел дека спиел во автомобил во моментот на смртта на Мајкл, а дури подоцна го пронашол неговото безживотно тело во кревет.
 Полицијата се обидува да открие кој сè го посетил Џорџ Мајкл и бил во контакт со него неколку дена пред неговата смрт.
Иако смртта на поп иконата не се третира како сомнителна, детективи се сомневаат дека Џорџ Мајкл починал од предозирање со дрога.
Top