четврток, 17 август 2017 | Вести денес: 46 ново

Пензиите ќе растат и годинава, во Буџетот за 2017 година предвидено е ново зголемување од 5%

Пензиите ќе растат и годинава. Во буџетот за 2017 година предвидено е ново зголемување од просечни 5% на ноемвриската пензија која ќе биде исплатена во декември.

Тогаш околу 300.000 граѓани ќе добијат по околу 600 денари повеќе.

Со ова трендот на зголемување на пензиите продолжува. Во изминатите десет години тие постојано растат и просечната пензија е сега за 70% повисока отколку во 2006 година.

Најниската пензија пак е зголемена за над 80%.

Завршувањето на политичката криза треба да обезбеди и подобрување на состојбата во приватниот сектор.

Стабилноста ќе придонесе за зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места што е клучен предуслов за зголемување на животниот стадард на граѓаните.

Просечната плата во земјава според статистика изнесува 22 460 денари и е за околу 150 евра повисокоа од 2006 година. Нето платата во август 2006-та година изнесуваше 13.718 денари.

Top