понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 40 ново

Мистериозен објект ќе прелета покрај Земјата на 25 февруари (ВИДЕО)

За нешто повеќе од месец и пол, покрај планетата Земја ќе мине објектот “2016 WF9”. НАСА, не е сосема сигурна за каков објект станува збор.

Карактеристиките на овој мистериозен објект се толку необични што дури ни НАСА не можела со сигурност да одреди што е.

Објектот го нарекле “2016 WF9”, а го забележал на 27. ноември минатата година “NEOWISE”, системот на НАСА за “лов на комети и астероиди”. Научниците соопштиле дека е широк околу 1 километар, и се очекува да мине најблиску до Земјата на 25. февруари, оддалечен на “само” 51 милион километри.

Самиот објект малку ги буни научниците на НАСА, бидејќи не можеле со сигурност да одредат дали се работи за астероид или комета. Астероидите се најчесто од камен или други метали, додека кометите се “позамрзнати”. Овој објект изгледа мрачно, и не рефлектира светлина, што обично значи дека се работи за комета. Сепак, нема карактеристична опашка, односно облак од гасови и прашина која се формира зад кометата. Научниците на НАСА не можеле ни да утврдат од каде доаѓа 2016 WF9.

“2016 WF9 би можел да има потекло од комета. Овој објект покажува колку некогаш може да биде невидлива разликата помеѓу комета и астероид”, вели заменикот на главниот истражувач во Лабораторијата за погонско забрзување при НАСА, Џејмс Бајер.

Top