сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 33 ново

Избегната катастрофа на Дакар (ВИДЕО)

Карлос Саинц за малку ќе се удреше во гледачи на Дакар релито кога излета од тешката трка во Јужна Америка.

Шпанецот ја загуби контролата на своето Пежо кое се преврте на само пет километри пред финишот на тешката етапа од Сан Салвадор де Хухуј до Тупиза во Боливија во петокот.
Неговиот автомобил одеше кон двајца гледачи кои некако успеаја да избегаат во последната секунда. Саинц имаше среќа што не беше повреден во инцидентот, но неговата трка беше завршена по оштетувањата на автомобилот.
Саинц е победник на Дакар 2010 година, но и двократен светски шампион во Рели ВРЦ шампионатот (1990 и 1992 година).
Top