среда, 28 јуни 2017 | Вести денес: 0 ново

МЗТ конечно тргна за Загреб, Синовец остана во Скопје

mzt-avion-615x400

Кошаркарите на МЗТ Скопје попладнево „од втор обид“ заминаа за Загреб, каде утре ќе се сретнат со екипата на Цибона во рамките од 17. коло од АБА-лигата. Членовите на македонскиот првак вчера требаше да патуваат за главниот град на Хрватска, но лошото време придонесе авионот да не полета за Загреб. Постоеше опасност мечот да биде одложен, но откако денеска беа создадени услови за полетување „металците“ заминаа за Загреб.

Според планот, сино-белата експедиција треба да пристигне во хрватската престолнина нешто после пладне, а вечерва ќе го одржи планираниот тренинг во загрепскиот храм на кошарката кој го носи името на легендарниот Дражен Петровиќ. Средбата е предвидена за утре со почеток во 17 часот, со директен пренос на МТВ.

Тренерот Анте Назор за овој меч нема да може да смета на услугите на Стефан Синовец, кој заработи повреда на мускулот. По деталните лекарски прегледи е утврдена „парцијална руптура на задната ложа“ што значи најмалку двонеделно отсуство од тренинзите, а можана е пауза и од дваесетина дена. За „металците“ на утрешниот натпревар нема да настапи ниту Јуре Лалиќ, кој има скршен нос.

Дел0умно добра вест е враќањето на Британецот Даниел Кларк, кој поради слична повреда како Синовец паузираше речиси три недели, но останува да се види колку ќе може да помогне по подолгата пауза. Во тимот е и македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски, но и неговиот настап е повеќе од дискутабилен поради повреда на препоните.

Top