сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 60 ново

Божикен концерт на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија денеска во Скопје ќе одржи Божикен концерт на кој како солист и како диригент, ќе се претстави светски познатиот виолинист Џулијан Рахлин.

Рахлин и оркестарот на Македонската филхармонија ќе изведат виенски маршеви, романтични увертири, популарни танци, љубовни теми, дела од Росини, Чајковски, Штраус, Глинка, Годовски, Крајслер.

Џулијан Рахлин е еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти на нашето време. Во последните 27 години, тој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрални интерпретации, соработувајќи со најпрестижните диригенти и оркестри. Неговата желба да ги проширува сопствените музички хоризонти, ќе го одведе Рахлин и во сферата на диригирањето, а чести ќе станат и неговите изведби на виола. Тој е прогласен за амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

Top