понеделник, 20 февруари 2017 | Вести денес: 127 ново

Повторно затворски бунт во Бразил, преку 30 мртви

Најмалку 33 лица загинати во нов затворски бунт во Бразил, соопшти Ројтерс, цитиран од агенциите. Ова се случува само пет дена по најголема затворски масакр од повеќе од две децении, при што загинаа 56 лица.
Се уште не се јасни деталите околу бунтот, кој се случил утрово во најголемиот затвор во државата Рорајма.

Министерството за правда и граѓански прашања на државата потврди за 33 загинати и додаде дека ситуацијата сега е под контрола, а на територијата на затвор се наоѓаат делови на бразилската воена полиција, посочи ТАСС.

Top