четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 92 ново

Нови препораки за алергија од кикиритки

Нови насоки за исхраната велат дека е во ред на децата да им се дава мала доза на кикиритки за да се превенира сериозна алергија подоцна во животот.

Во новите насоки од Националниот институт за алергија и инфективни болести се изнесени информации како да се започне со користење на храна која содржи кикирики кај децата со благ умерен или висок ризик од алергиска реакција, пренесува Гласот на Америка.

„Овој обновен водич за реакција од кикирики нуди многу“, вели алергологот Стивен Тилс, директор на Американскиот колеџ за алергија, астма и имунологија.

„Алергијата на кикирики буквално прерасна во епидемија во последниве години, и сега имаме јасен начин да превенираме многу нови случаи. Студијата „Рано сознание за алергија на кикирики“ го поплочи патот и сега имаме обновен водич кој може да има драматично влијание врз секојдневната грижа за пациентите.

Всушност, за време на мојата кариера како алерголог, јас не можам да се сетам на ниту една единствена публикација со поголемо влијание.“

Во новите насоки стои дека кај децата со висок ризик, оние со егзема или алергија на јајца, родителите можат да им дадат храна која содржи кикирики на возраст од 4-6 месеци, откако ќе биде одредено дека тоа е безбедно.

CHICAGO, IL - OCTOBER 12:  In this photo illustration, A jar of Smucker's Natural peanut butter is pictured on October 12, 2011 in Chicago, Illinois. This summer's hot, dry weather devastated the Runner peanut crop, the variety most commonly used in making peanut butter, causing prices of raw peanuts to soar. The resulting increase in peanut prices is expected to raise the price consumers pay for peanut butter by more that 25 percent on most major brands.  (Photo Illustration by Scott Olson/Getty Images)

„Ако вашето дете е под висок ризик, новите упатства препорачуваат евалуација од алерголог, во кое може да биде вклучено тестирање за алергија, како и консумирање на кикирики за прв пат во специјализирана канцеларија“ вели алергологот Метју Гринхавт, коавтор на студијата.

Според насоките реакција на кожата поголема од 8 мм или повеќе може да индицира алергија.

Сепак, истражувачите велат дека позитивен тест за кикирики е слаб индикатор за алергија откако студијата покажа дека децата кои се сензитивни на кикирики, не значи дека се алергични. Всушност, д-р Гринхавт вели дека „студијата покажува дека децата изложени порано на кикирики имаат најголема добивка.“

„Алергологот може да одлучи детето да не проба кикирики воопшто ако има голема реакција на тест на кожата. Напротив, можеби тие ќе го советуваат детето да избегнува кикирики целосно, од можната постоење на алергија на кикирики“ се вели во извештајот.

Според студијата, децата со умерен ризик, оние кои имаат умерена егзема, и веќе започнале со солидна исхрана не треба да бидат евалуирани. На овие деца родителите можат да им дадат храна која содржи кикирики уште на 6 месечна возраст.

И на оние деца со мал ризик можат да земат храна која содржи кикирики на 6 месечна возраст.

Родителите не треба да им даваат на децата цели парчиња кикирики, поради ризикот од згушување, и првата солидна храна кај новороденчињата не треба да содржи кикирики.

Top