петок, 24 март 2017 | Вести денес: 96 ново

Следете во живо: Првата прошетка во вселената во 2017 година

Командантот на Експедиција 50 Шејн Кимбро и инженерот Пеги Вилсон, и двајцата астронаути на НАСА, појдоа во прва вселенска прошетка надвор од Меѓународната вселенска станица оваа година.

Астронаутите денес излегоа во веселенска прошетка како би прикачиле нови батерии на струјната мрежа на Меѓународната вселенска станица. Пред да излезат, командантот Шејн Кимбро и Пеги Витсон, имале помош од робот кој го направил најтешкиот дел од работата.

Контролорите на летот од Хјустон во текот на целата мината недела управуваа со роботот, оддалечен 400 км, кој ги менуваше повеќе од десет години старите никел-хидроген батерии и ставаше нови литиум-јонски. Ракувањето со тие батерии, од кои секоја е голема колку фрижидер, било многу незгодно и бавно.

Денес Кимбро и Витсон имале задача да ги спојат трите нови батерии кои минатиот месец ги испорача Јапонија. Следниот петок ќе бидат приклучени уште три во рамки на проектот за промена на батерии на соларниот систем на станицата.

Наса очекува дека ќе бидат потребни 2-3 години за да се променат сите 48-никел-хидроген батерии кои го сочинуваат соларниот систем за напојување на струја. Новите, литиум-јонски батерии, толку се ефикасни што ќе бидат потребно двојно помалку, со што ќе се заштеди простор.

Top