недела, 24 септември 2017 | Вести денес: 33 ново

Ана Бунтеска е добитник на книжевната награда „Македонија презент“

Добитник на традиционалната награда Македонска книжевна авангарда е поетесата Ана Бунтеска за стихозбирката Колку е потребно за среќа, во издание на Матица македонска. Наградата ја доделува Фондацијатата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.

Досегашни добитници на наградата се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски и Стефан Марковски.

Инаку, Ана Бунтеска е  родена на 23.01.1972 година во Скопје. Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, а работи во Македонската Берза. Има објавено две книги поезија: Стави лајк на сопствениот живот и Колку е потребно за среќа. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Top