вторник, 17 јануари 2017 | Вести денес: 3 ново

Македонија и се е можно, oгрмни 20 голови разлика за пласман на Светското првенство

Македонија ќе биде дел од Светското Првенство за младинцки што следното лето ќе се игра во Алжир, откако нашиот млади ракометари славеа убедливо во последниот дуел со Турција (39-19). Пред мечот можеби превисоки делуваа оние 19 гола со кои мораше да се слави за да се стигне до мундијалски билет, но избраниците на Илија Темелковски одговорија на предизвикот, со извонредниот Шилегов во првото полувреме и беспрекорната одбрана на чело со голманот Даниловски во вториот дел стигнувајќи до преубедлива победа што значи и пласман на мундијалот, прв за една македонската младинска репрезентација на светските првенства во оваа возрасна граница.

filip-talevski

Натпреварот го почнавме во грч, пред се со слаба игра во одбраната, овозможувајќи им на гостите да постигнат четири гола во првите десет минути (7-4). Падот во концентрацијата во нашиот напад им овозможи на турските младинци да стигнат до два гола разлика (11-9), но потоа Македонија конечно влезе во посакуваниот ритам. Предводени од извонредниот Шилегов „црвено-жолтите“ набрзина ја зголемуваа предноста, па стигнаа до „плус девет“ (22-13). Шилегов изнуди и пенал и исклучување во последната минута од полувремето, но Димитриоски не го искористи седмерецот и на полувреме се замина со девет погодоци разлика за Македонија. Во овие триесет минути прв играч беше Шилегов со девет гола, додека капитенот Талески имаше четири гола и неколку успешни асистенции.

makedonija-mladinci

На стартот на второто полвуреме Талески „распали“ кон противникот и во 38. минута донесе највисока предност за нашиот национален состав од 15 гола (29-14). Дополнително, на резултатот влијаеја и двете одбрани на Никола Даниловски. Со својот трет гол на мечот, Нелоски донесе предност од 16 гола (30-14), во наредниот напад на Турција повторно Даниловски беше на висината на задачата, а нападот на Македонија во гол го претвори Мартин Велковски, за највисоки +17 (31-14). Турција тешко стигнуваше до нашиот гол, а доказ за тоа е фактот деа постигнаа само три гола за 22 минути во вториот дел. На осум минути пред крајот на семафорот во „Кале“ стоеше 35-16, а во последните четири минути од мечот влеговме со предност од 20 гола (38-18).

Најефикасен ракoметар во нашите редови е Мице Шилегов со десет постигнати гола, а го следат Филип Талески со девет и Давор Палевски со седум гола, додека кај голманите, Никола Даниловски забележа 14 интервенции, а Мартин Томовски кој бранеше во првото полувреме зад своето име запиша четири одбрани. Кај Турција, најмногу се истакнаа Езалп и Остурк со по пет гола.

Top